176
Норвешкиот Equinor и американскиот Exxon Mobile ги направија првите чекори за проширување на производството на нафта во близина на бразилското крајбрежје, а вредноста на инвестицијата е 8,0 милијарди долари, пренесе Ројтерс повикувајќи се на извори од норвешката компанија.
Двата нафтени гиганти сакаат да го зголемат идното производство за повеќе од милијарда барели нафта на нафтеното поле Бакалхау, најголемиот проект Equinox надвор од Норвешка, изјавија за британската агенција три лица на разговорите.
Првите количини нафта од ова заедничко вложување треба да пристигнат во 2024 година од пловечка производствена платформа со капацитет од 220.000 барели дневно.