369
Тренерот на Баерн (Минхен) Џулијан Нагелсман не ги штедеше критиките кон своите играчи по ремито 1:1 како гостин на РБ Салцбург во првиот дуел од 1/8-финалето од Лигата на шампионите.
Баварците стигнаа до реми на самиот крај преку Кингсли Коман. Реваншот е на 8 март во Минхен.
„Несомнено бевме подобри во вториот дел. Во првиот направивме премногу грешки. Нашата одбрана десно не функционираше добро и изгледавме лошо пред голот на Австријците. Немаше агресија во движењето на топката, но на паузата направивме измени. Исто така ни недостасуваше прецизност во ударите, тоа треба да се подобри“, рече Нагелсман.