Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман нема намера да прави промени во составот и против Унгарија ќе стартува со истиот стартен состав кој го започна првиот натпревар против Шкотска, кој заврши со убедлива победа на Бундестимот од 5-1.
Логично, менторот бил презадоволен од виденото и ќе се обложи на истите стартни 11, тврди „Билд“.
Освен добриот настап од првиот натпревар, причина за неправењето промени кај стартерите е и тоа што Нагелсман практично го користеше истиот стартен состав во контролите со Украина и Грција, непосредно пред почетокот на првенството.
Така, се очекува Германија повторно да тргне со Мануел Нојер на голот и со бековската четворка Џошуа Кимих, Антонио Рудигер, Јонатан Та и Максимилијан Мителштет. Тони Крос и Роберт Андрич ќе работат во средниот ред зад креативното трио Флоријан Вирц, Џамал Мусала и Илкај Гундоган.
Во предните позиции ќе стартува Каи Хаверц.