Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман беше исклучително задоволен од победата од 2:0 над Данска и пласманот на неговата репрезентација во четвртфиналето на ЕП 2024.
„Тоа беше луда игра. Првите 20 минути беа нашите најсилни од почетокот на турнирот. Потоа дојде бура и тогаш помисливме дека заостануваме во резултатот. Наместо тоа, поведовме, Каи одлично се снајде од белата точка. Навивачите исто така ни помогнаа многу кога се префрливме на тројца во одбраната, имаше моменти кога не бевме стабилни и Ериксен наоѓаше простори по паузата.
“Не беше лесен натпревар, Данска се претстави многу добро. На почетокот ги контролиравме настаните, но потоа почнавме повеќе да брзаме. Горд сум на тимот. Играчите веќе почнуваат да сфаќаат колку се добри”, изјави Нагелсман и додаде: „Секогаш има простор да растеме повеќе“.