Нагелсман по ремито со Менхенгладбах: Ужасна работа на судиите

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Главниот тренер на Баерн (Минхен), Јулијан Нагелсман ја критикуваше арбитражата на натпреварот против Борусија (Минхенгладбах) кој заврши 1:1. Баварците создадоа огромен број на шанси, но не успеаја да ги освојат трите поени, а Нагелсман не беше задоволен од некои од одлуките на судијата Даниел Шлагер.

„Имавме 35 удари, што не е лошо. Лут сум затоа што одигравме добро и судијата ги решаваше сите контроверзни ситуации во корист на нашиот противник. Единственото нешто за што можам да ги обвинам играчите е што не ги искористивме нашите многубројни можности за гол“, прокоментира Нагелсман.

„Ужасна работа на судиите. Имаше околу 20 прекршоци кои можеа да се досудат и за двата тима, но секогаш беа досудени за Борусија. Сега веројатно ќе ме казнат“, изјави Нагелсман и додаде дека без разлика на резултатот ова е најсилниот натпревар на Баерн од почетокот на сезоната.

„Упамекано навистина погреши за голот, но инаку се претстави многу солидно, како и на другите мечеви досега. На крајот го испратив Де Лихт во напад бидејќи тој е најдобар во тимот во удар со глава. Ретко кој во Европа го надминува во овој поглед“, објасни менторот на германскиот гигант.

Слични содржини