317
Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман откри кои двајца играчи најмногу би сакал да ги има – Килијан Мбапе и Френки де Јонг. И за двајцата, сепак, тоа изгледа невозможно, додаде тој.
„Кого би сакал да видам во Баерн? Дефинитивно Мбапе не е лош избор за ниту еден тим. Мислам и дека Де Јонг е многу добар играч. Сепак, и двајцата се надвор од финансиските можности на нашиот клуб“, изјави тренерот во интервју за Amazon Prime.
Сепак, сега е време да се даде понуда за Мбапе, бидејќи неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува, а тој изјави дека се уште не одлучил за својата иднина.
Де Јонг пак, најверојатно нема да ја напушти Барселона наскоро, откако е цврст стартер.