Нагелсман шокантно откри: „Ме извадија од предавање на академија и ми кажаа дека татко ми се самоубил“

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Младиот германски Тренер Јулијан Нагелсман во германските медиуми отворено проговори за својот приватен живот и откри како неговиот живот го одбележала трагична епизода. Кога имал само 20 години, се самоубил неговиот татко, кој работел во тајната служба.

„Често размислувам за тоа. Во тоа време бев на тренерската академија во Оберхахинг, недалеку од Минхен, каде што аплицирав за Ц лиценцата. Одеднаш, директорот на академијата ме повика на разговор. Се пошегував велејќи: “Што, јас сум веќе премногу добар за ова ниво?’ Во следниот момент ми кажаа дека татко ми се самоубил“, изјави Нагелсман.

„Татко ми не оставил проштално писмо, немаше објаснување за неговиот чин. Но, начинот на кој си го одзеде животот ми даде до знаење дека не се сомневаше во својата одлука. Беше тешко време за мене и моето семејство, но тоа ми помогна да сфатам што сакам во животот. Не плачев и не барав знаци од судбината, но кога ги добив, решив да ги испочитувам“.

Тој објасни како неговиот татко работел во тајната служба и не зборувал многу за неговите професионални потфати.

„Не знам точно што правеше, но сигурен сум дека не беше во администрацијата. Никогаш не зборуваше за својата работа дома бидејќи не му дозволуваа. Често велеше дека сето тоа е премногу за него“, подвлече тој.

Слични содржини