Нагелсман: Титулата на Баер може да и помогне на репрезентацијата

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман се надева дека фудбалерите на Баер Леверкузен можат да го засилат Бундетимот за завршницата на ЕП 2024 летово.

Флоријан Вирц, кој постигна хет-трик за новиот германски шампион против Вердер Бремен во неделата, е клучен играч од средниот ред во тимот на четирикратните светски шампиони. Дефанзивецот Џонатан Та и играчот од средниот ред Роберт Андрич исто така изгледаат подготвени да бидат во тимот на Германија за Европското првенство во јуни и јули.

„Потписот на тренерот Чаби Алонсо е препознатлив. Играчите делуваат како едно, тие се тактички дисциплинирани и силни во битките, а во исто време се креативни и посветени на играта. Изведбите на тимот се доказ за тоа колку е важна вистинската комбинација на квалитет и менталитет, а тоа може да биде добра работа за репрезентацијата“, изјави Нагелсман за медиумите.

Вчера Баер ја освои титулата во Германија за прв пат во својата историја. „Аспирините“ пред своја публика го совладаа Вердер со 5:0.

„Титулата за Леверкузен е апсолутно заслужена. Ова е нивна награда за извонредната сезона и одличниот фудбал. Нашата цел е да го вратиме трофејот, но ќе видиме што ќе се случи во новата сезона“, изјави претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер.

Слични содржини