Нагелсман: Заминувањето на Нојер е голем удар за германскиот фудбал

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман ја коментираше одлуката на голманот Мануел Нојер да ја заврши кариерата во националниот тим.

„Иако можам да ја разберам одлуката на Мануел и неговите мотиви, неговото заминување е голема загуба и на спортски и на личен план. Ману, како никој друг во историјата на фудбалот, обликуваше нов стил на голман. Неговите вештини беа одлучувачки фактор во обликувањето на идејата за тоа како сакаме да играме фудбал. Мануел беше и останува голем спортист и голема личност. Често разговарав со него и мило ми е што можам да продолжам да го правам тоа во иднина. Ману ќе ни недостасува во репрезентацијата“, изјави Нагелсман, цитиран од „Билд“.

Мануел Нојер вчера најави повлекување од германската репрезентација, иако претходно имаше информации во медиумите дека би можел да продолжи да настапува за Бундестимот до Светското првенство во 2026 година.

Нојер за германската репрезентација одигра 124 натпревари.

Слични содржини