Нагетс го продолжија договорот со Гордон, ќе добие 133 милиони долари

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Денвер Нагетс го продолжија договорот со Арон Гордон на четири години, пренесува агенцијата АП. Според новиот договор, тој ќе добие 133 милиони долари, информацијата ја потврдија и претставниците на играчот од „Клач Спортс“.

Гордон, шампион со Денвер од 2023 година, е уште еден клучен играч со нов договор со тимот. Бекот Џамал ​​Мареј потпиша четиригодишен договор вреден 208 милиони долари пред еден месец, а трикратниот МВП Никола Јокиќ и Мајкл Портер Џуниор се врзани за Нагетс до 2027 година.

Гордон, кој оваа недела ќе ја започне својата 11-та сезона во НБА лигата, минатата година ја заврши со просек од 13,9 поени и 6,5 скока по натпревар. Тоа се совпадна со неговата статистика во кариерата, во која имаше просек од 13,5 поени и 6,3 скока.

Гордон влезе во НБА во 2014 година кога беше драфтуван како четврти пик. Тој стана дел од Нагетс во март 2021 година.

Слични содржини