Нагло ѝ ја тргна раката: Исплива ВИДЕО од расправија меѓу Шакира и мајката на Пике

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави видео кое открива колку биле лоши односите меѓу Шакира и мајката на Пике, Монсерат Бернабеу.

Откако беше откриено дека Шакира има кукла-вештерка на нејзиниот балкон вперена кон куќата на поранешната свекрва, многумина ја нападнаа велејќи дека не треба да ја меша мајката на Пике во нејзината љубовна врска.

Меѓутоа, по видеото кое неодамна беше објавено на социјалните мрежи, многумина заклучуваат дека Монсерат била многу вклучена во нивната врска. На видеото е очигледно дека пејачката и мајката на фудбалерот се расправаат. Во еден момент мајката на Пике бесно ја зграпчува Шакира за лицето, а пејачката нагло ѝ ја трга раката.

Според странските медиуми, свекрвата на Шакира во тоа видео ѝ рекла на Шакира: „Мораш да ја држиш устата затворена“. Додека нивната расправија се одвивала на улица, Пике само стоел на страна и гледал.

Видеото од инцидентот кое дури сега заврши на мрежите е снимено порано, но не се знае точниот датум. Многу луѓе на социјалните мрежи се бесни поради ова видео.

Слични содржини