Сите туристи кои ќе посетат некој од Американските Девствени Острови ќе добијат „награда“ од 300 долари, решија локалните власти.
Причината за тоа е одбележување на стогодишнината откако овие острови станаа дел од САД, кои ги купија од Данска за 25 милиони долари во злато.
Туристите го обожуваат овој карипски рај на земјата, но сега имаат уште една дополнителна причина да отидат токму таму.
Единствен услов е гостите на некој од островите да минат повеќе од три дена, а терминот на доаѓање мора да се резервира пред 1 октомври 2017 година, пишува „Брајт Сајд“.
Тристоте долари туристите нема да ги добијат во готовина, туку во форма на разни ваучери, кои можат да ги потрошат на нуркање, излети и слични активности.
Оние кои на островите ќе се најдат во текот на март, кога ќе се оддржи свеченоста по повод одбележувањето на јубилејот, ќе добијат и посебен подарок, но се уште не се знае за што станува збор.
Островот се состои од неколку острови, од кои најголеми се Сент Кроа, Сент Џон и Сент Томас. На овие три острови има 35 хотели и сите се согласиле да учествуваат во оваа понуда