186
Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година.
Највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права им се доделува на Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин.