НАИМ кон ВМРО-ДПМНЕ: Вашата грижа за пронаоѓашвото не донесе во затворен партиски кафез

од Nikola Popovski
286 прегледи

Ја цениме вашата загриженост за пронаоѓаштвото во нашата држава. Но би сакале да Ве потсетиме, во 2006 год. во тогашната Република Македонија имавме 340 домашни патентни пријави за да во 2016 овој број драстично и се намали на само 29 домашни патентни пријави. Вашата грижа за пронаоѓашвото не донесе во затворен партиски кафез, соопштуваат од Национална Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија, по однос на нападите кон Драги Рашковски од страна на опзициската ВМРО-ДПМНЕ кој се однесува на неговиот патент од областа на безбедност на сообраќајот, кој освои голем број на нај високи признанија на саеемите ширум светот, а ќе настапи на уште најмалку 7 саеми.

„Од тие причини е формирана Национална Асоцијација на Пронаѓачите на Македонија (НАИМ) со чие основање, на нашите пронаоѓачи им отворивме светски пат, за нивно претставување на скоро сите континенти. НАИМ за многу кус период успеа да стане светски признаена организација и полноправна членка на ИФИА (Светска Федерација на Иноваторски Асоцијации).

Би сакале и да напомнеме дека, патентите се правна категорија, со која авторите (носители на патентните права) имаат монополско право на располагање и одлучување врзани за нивниот патент. Исто така треба да се знае, дека патентите не подлежат на тендери. Патем кога се работи за ваков вид на патентирна безбедносна опрема, таа може да се продаде само на институции кој се за тоа надлежни или на друга компанија (а во тој случај, истата би требале да ја увезуваме) ваква опрема не може да се продаде на Бит пазар.

Ако нашиот пронаоѓач Проф. Д-Р Драги Рашковски и укажал чест на нашата држава и да истиот го пласира тука, треба да го подржиме а не да го плукаме. Да одевме по патот на Вашите сваќања на пронаоѓаштвото, не ќе стасавме до никаде, а камоли да бидеме почитувана светски признаена Асоцијација и полноправна членка на ИФИА. Апелираме до сите партиски организаци да своите препукувања, не ги прават на штета на пронаоѓаштвото, сега сме во 2021 година, а не 1903 ,светот оди напред, а ние мораме да го следиме“ велат од Национална Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија.

 

Слични содржини