232
Најактивниот вулкан во Индонезија денеска повторно еруптираше, испуштајќи најголема количина лава во изминатите неколку месеци.
Ерупцијата на вулканот Мерапи, на островот Јава, испушти реки од лава, кои се спуштија 3,5 километри по падината на вулканот, како и облаци од запаливи гасови.
Звукот на татнеж се слушаше неколку километри во близина кога еруптираше вулканот, исфрлајќи жежок пепел до височина од 600 метри. Пепелта ги зафати околните градови, но наредбите за евакуација веќе беа во сила во близина на вулканот, поради што нема извештаи за жртви, пренесува агенцијата АП, пренесува Танјуг.