Најава дека ќе се реконструираат постарите спортски објекти низ државата

од Aleksandar Petrovski
163 прегледи

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски од Тетово најави реконструкција на постарите спортски објекти низ државата. Тоа беше и одговор на новинарско прашање што ќе се прави со спортската сала во Тетово која е на местото каде почна да се гради базен, а не се довршена речиси четири децении.

-За една од работите за кои разговаравме со градоначалничката на општина Тетово е оваа спортска сала, пред се за целосна нејзина реконструкција. Еден од главните проекти покрај базените е реконструкција на постоечката спортска инфраструктура, се зафативме сите спортски сали, сите симбиоли на спортот, а оваа е симбол за спортот за Тетово, верувам дека ќе влезе во агендата и во најбрз можен рок биде реконструирана, рече Каевски.

Тој посочи дека лизгалиштето во Тетово кое беше предадено на општина Тетово но не беше ставено во функција поради оштетување во наредните денови ќе се санира.

-Во текот на новогодишните празници беше оштетено лизгалиштето. Има обврска општината да го одржува и да воведе ред за самото лизгалиште. Дополнително разговавараме со градоначалничката и штетата која е направена ќе се надополни и тетовчани од наредните денови ќе може да уживаат во благодетите кои ги дава лизгалиштето, рече Каевски.

Инаку базенот чиј камен темелник беше поставен денес, исто така ќе биде во надлежност на општината. Директорот Каевски најави разгледување на дополнителни можности за наоѓање механизам како да се напраби максимилизација на функционирањето со вклучување на спортските работиници.

Слични содржини