244
Со тизер видео, Audi го најавува концептот RS E-Tron GT Ice Race, чија премиера ќе биде на 28 мај.
Во оваа прилика германската компанија направи и соодветно Audi Sport Quattro со електричен погон.
Засега нема технички детали за овие возила, кои имаат надворешна шема на бои од мешавина на сива, виолетова и бела боја.
Внатрешноста на RS E-Tron GT Ice Race Concept е во бела и црна комбинација, а има и значка од одделот за персонализација на Audi Exclusive.