Најавен IM L6 со автономија од 800 km

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Кинескиот IM Motors најавува дека ќе го покаже новиот седан L6 на салонот во Женева следната недела.

IM (Intelligent Mobility) е основан на крајот на 2020 година како резултат на соработката помеѓу компаниите SAIC, гигантот за е-трговија Alibaba и Zhangjiang Hi-Tech, а на крајот на 2021 година ги испорача првите примероци од својата лимузина L7.

L6 треба да пристигне на европскиот пазар следната година, но засега нема многу детали за него.

Засега е најавено дека топ верзијата ќе има автономија од 800 km, како и дека забрзувањето до 100 km/h ќе биде пократко од три секунди.

Исто така, ќе има и поприфатлива верзија со автономија од околу 600 километри.

Во Кина овој автомобил долг 493 cm ќе се нуди во верзии со 250 kW/340 ks и 579 kW/787 ks (последниот со два електромотори и погон на четири тркала), како и батерии од 90 и 100 kWh.

Слични содржини