Најавен нов протест против пресудите во „Монструм“

од Nikola Popovski

Утре (02.04.2021 – петок) со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата на Република Северна Македонија, соопшти МВР, а според информациите, станува збор за уште еден протест против пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

Од полицијата велат дека СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“.

„СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место“, стои во соопштението.

Последниот протест беше насилен и беа повредени седум полицајци. Три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа.

Слични содржини