Извори од партијата БЕСА денеска најавија дека во текот на оваа недела, а можеби и веќе задутре во Собранието ќе поднесе интерпелација за работата на вицепремиерот Артан Груби.
Во меѓувреме таканаречената „огнена група“ на ДУИ во собранието доби уште еден пратеник во ликот на Кастриот Реџепи, а предводникот на групата, пратеникот Изет Меџити, претходно веќе најави дека ако има иницијатива за Груби, тој ќе гласа за.
– Реџепи во Собранието ќе делува во рамките на пратеничката група на ДУИ, изјавил Изет Меџити за ТВ 21.
Од друга страна пратеникот Кастриот Реџепи најви дека во четврток ќе излезе пред јавноста со детали за неговото понатамошното делување во Собранието.
Инаку, пратеникот Реџпеи е познат за јавноста по неговото „изчезнување“ кога требаше да се формира ново парламентарно мнозиство помеѓу опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Движењето БЕСА и Левица.
Бидејќи тој беше 61 пратеник кој требаше да гласа, но не се појави во Собранието за време на гласањето за недоверба на парламентарното мнозиство, ицицијативата пропадна.
ДУИ е најсилната партија на Албанците
Првиот вицепремиер и министерот за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби за кого таканаречената „Огнена група“ во ДУИ има забелешка за начинот на практикување на власта, односно преголемата власт што ја има во владината коалиција и партија, од Струга каде што присустуваше на настан на почетокот на новата академска година на „Меѓународниот универзитет“ изјави дека: „ДУИ е најсилната партија на Албанците, и дека работи на исполнување на нејзината програма“.
-Јас немам незадоволство од ДУИ. Кои се причините за незадоволството во ДУИ? На ова прашање треба да одговорат господинот Ахмети и други. Ние сме тука да работиме, да ја спроведеме програмата, да го спроведеме сето она што им го ветивме на граѓаните и гледам дека поддршката во гласачкото тело на ДУИ е голема, како што видовте според сите анкети, ДУИ е повеќе од половина од гласачкото тело кај Албанците, изјави меѓу другото Груби.