Најавени исклучувања: Во овие населби од девет часот ќе нема струја

од Берта Китинска
208 прегледи

Денеска од девет часот без струја ќе останат корисници од општините Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и Петровец, информира РЦУК.

Во периодот од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул. „Иван Манолев”и дел од ул. „Рокомија”куќи бр.57 А-Б и 59 А-Б во општина Чаир, во периодот од 11:00 до15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од зградите и куќите на потегот меѓу улиците „Вера Јоциќ”, „Георги Димитров” и „Народни Херои”, дел од ул. „Георги Динитров” спроти бр.17, ул. „Вера Јоциќ” бр: 4, 5, 6, 10, 12, 12 а, 14, 14 а, 16 и околните во општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. „Копрушка” (од бр.2-20 само парните броеви), во општина Ѓорче Петров

Без струја во периодот од 12:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од ул. „Гиго Михајловски” згр.бр.4 влез 1, 2,3 и 4, во општина Карпош, потоа во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. „Крсте Асенов” (потрошувачите од згр.бр:6, 8 и 12), во општина Чаир, во периодот од 08:30-14:00 часот корисниците на дел од ул. „Коперникова” и ул. „Иван Тургењев”, во општина Кисела Вода, а во периодот од 10:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Кленоец” од бр.25-31 во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија утре во период од 11:30 до 15:00 часот ќе имаат корисниците од ул. „Њуделхиска” и ул.„Атинска” во општина Карпош, во периодот од 09:30 до 15:00 часот корисниците од ул. „Богомилски Поход”, дел од ул.„Тодор Чангов” и околните улички во општина Аеродром, во во периодот од 11:00 до 13:00 часот корисниците од главната улица (стар пат Петровец-Катланово R1102) во општина Петровец, а во периодот од 08:30 до 11:00 часот корисниците од ул. „Корушка” (од бр.2-10), ул. „Вангел Дуну” (од бр.2-20), ул. „Иван Цанкар” (од бр.2-80) во општина Карпош.