Најави за снег во периодот што следува

од Nikola Popovski
250 прегледи

Од УХМР известуваат дека Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови.

„Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува“, велат од Хидрометеоролошкиот завод.

Според нив, денеска во вечерните часови во јужните и источните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на секаде. Утре врнежите ќе бидат пообилни во источните делови (до утре вечер над 35 л/м2), а во југоисточните ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Во западните делови врнежите претпладне повремено ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места. До крајот на денот врнежите ќе престануваат и во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

„Од среда повторно ќе има врнежи од дожд и снег со променлив интензитет“, соопштуваат од УХМР.

Слични содржини