„Овој начин на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето на потписи и воедно повикувањето на бојкот на граѓаните за да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување“, вели денеска во одговор на новинарско прашање, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
„Се надеваме дека во наредниот период ќе ги преиспитаат своите одлуки околу собирањето на потписи заради тоа што деструктивното однесување и повикувањето за непочитување на законот за попис којшто е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на понатамошните политики особено во однос на економијата“,смета Георгиевска.