Најбогатата робинка на светот? На интернет кружат интересни вести за партнерката на Роналдо

од Vladimir Zorba

Во последните денови врската помеѓу Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез е во центарот на вниманието откако шпанската инфлуенсерка сними нов документарен филм за нејзиниот живот. Се шпекулира за растечка криза меѓу славната двојка, која е заедно шест години. На интернет кружи документ во кој Џорџина Родригез е означена како „робинка“ или приватна сопственост на Кристијано Роналдо.

Гламурозната двојка доби специјална дозвола од саудиската влада за заеднички живот, акт што е забранет со законите на земјата тесно поврзани со исламската вера. Во документот, кој го преведоа твитерџиите, статусот на Џорџина е дека е „робинка“ на најпопуларниот фудбалер на денешницата.

Жените во Саудиска Арабија немаат независност и автономија, а во преводот шпанската инфлуенсерка е етикетирана како сопственост на Роналдо. Има информации дека Шпанката е етикетирана како блиска личност на Роналдо. Овие гласини се појавија поради фактот што парот не е официјално во брак.

Властите на Саудиска Арабија одлучија да не го коментираат целиот случај, што ги подгреа сомнежите.

И покрај се, Џорџина ја нарече Саудиска Арабија „рај на земјата“ и дека се чувствува многу безбедно и удобно на Блискиот Исток.

Слични содржини