Најбогатиот човек во Чешка, милијардерот Петр Келер, сопственик на „Теленор“, загина во пад на хеликоптер на Алјаска, соопшти денеска неговата финансиска групација ППФ.
Американските власти претходно објавија дека најмалку пет лица загинале, а едно е повредено при пад на хеликоптер на Алјаска.
Федералната управа за воздухопловство на САД објави дека околностите поради кои се урнал хеликоптерот во саботата во 18.35 часот по локално време, сè уште не се познати.
Келер имаше 56 години. Во 2018 година, неговата компанија ППФ стана сопственик на телекомуникациските компании на Теленор во регионот на Централна и Источна Европа.
ППФ плати 2,8 милијарди евра за компании во Унгарија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Тој беше водечка деловна фигура во посткомунистичката Чешка, а неговото богатство „Форбс“ го процени на 17,5 милијарди долари.