Мишковиќ ќе помине во затвор пет години поради даночно затајување

Еден од најбогатите Срби, бизнисменот Мирослав Мишковиќ, беше осуден на пет години затвор поради затајување на данок. Пресудата е на Специјалниот суд во Белград. Мишковиќ ќе треба да плати и парична казна од 8 милиони динари. Средствата со вредност од 320 милиони. динари или 3 милиони евра, биле прикриени преку фирма на синот Марко во градежна компанија. Мишковиќ е сопственик на “Делта холдинг”. Во месец декември 2015 година случајот против него беше префрлен од неговиот син поради здравствени причини.
Марко Мишковиќ доби 3,5 години затвор поради затајување на данок и казна од 8 милиони динари. Мишковиќ и неговиот син се уапсени во декември 2012 година. По неколку месеци престој во притвор тие беа ослободени против со милиони евра кауција. Меѓународните пасоши им беа одземени. Двајцата немаат право да ја напуштаат Србија без дозвола на судот. / РТС