БЈОРН КУЈПЕРС ќе биде првиот Холанѓанец кој ќе суди на финалето на Европското првенство, во недела помеѓу Англија и Италија на Вембли, објави УЕФА во четвртокот.
Тој е 48-годишен судија чие богатство се проценува на 13,4 милиони евра. Парите ги заработи со започнување на ланецот супермаркети „Jumbo Kuipers“, кој е спонзор на возачот на Формула 1, Макс Верстапен.
Björn Kuipers the ref today for #SWEENG studied business administration at University & besides refereeing he’s also the owner of a number of supermarkets (called Jumbo) and a hair studio in his hometown Oldenzaal.
Kuipers' wealth back in 2016 was estimated at a cool £11.5mill! pic.twitter.com/WxITPLGNiO
— Rate the Ref (@RateTheRef) July 7, 2018
Кујперс започна да суди на меѓународни натпревари во 2006 година, а пред ова финале судеше на две финалиња во Лигата на Европа и на едно финале во Лигата на шампионите и беше дел од судиската екипа на Европските шампионати во 2012 и 2016 година и на последните две Светски првенства.
Покрај неговите стандардни асистенти, четврти судија ќе бидат Шпанецот Карлос дел Серо Гранде, а судијата на ВАР Германецот Бастијан Данкерт.