Најбрзиот човек на светот сe уште не верува дека победи во Токио

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Италијанскиот спринтер Ламонт Марсел Џејкобс изјави дека неговиот сон се остварил со освојување на олимпиското злато во Токио.

Џејкобс ја истрча делницата за 9,80 секунди и го постигна најголемиот успех во кариерата.

– Не знам. Ова изгледа како сон. Се чувствувам фантастично. Можеби ќе разберам што направив утре, но сега се ми изгледа неверојатно-рече 26-годишникот роден во САД, поточно во Тексас.

На Италијанецот прво му честиташе неговиот сонародник Џанмарко Тамбери, кој освои злато во скок во височина.

– Џанмарко и јас отсекогаш се поддржувавме. Сите ја знаеме неговата приказна, можеше да освои злато во Рио, но се повреди. Она што го прославивме заедно е спектакуларно. Верувам во него, тој верува во мене – додаде Џејкобс.

– Мојот сон беше да победам на Олимписките игри, да истрчам во финалето. Сонот стана реалност. Благодарение на моето семејство, тие секогаш ме поддржуваа, моите синови, Ентони и Џереми и мајка ми, која е мојот најголем обожавател. Исто така и на мојот тим што ме следеше и ме поддржуваше – заклучи Џејкобс.

Слични содржини