Репрезентативец на Андора доби црвен картон затоа што со лакт го удри полскиот дефанзивец Камил Глик по само 20 секунди игра, што претставува едно од најбрзите исклучувања во историјата.
Главниот судија Битон од Шкотска му покажа црвен картон на Рикардо Фернандез.
Инаку, Полска води 3-1 на полувреме, а головите за нив ги постигнаа Левандовски, Јозвијак и Милик. Стрелец за Андора беше Валес во 45-тата минута.