Најчести митови поврзани со акните кога сте возрасни

од Elena Daskalova
413 прегледи

Во пубертетот и тинејџерските години сосема е нормално да се бориме со акните. Но, што се случува кога сме веќе доста возрасни, а уште ги имаме?

Брзиот живот, стресот, нездравата храна, хормоналните промени, сето ова може да биде причина за појава на акни кога сте возрасни (над 25-годишна возраст).

Ова се митовите во кои треба да престанете да верувате:

Може да се смират сами од себе

Ретки се случаите кога акните се смируваат без ништо да направите. Ако ги оставите сами да се „средат“ или пак интервенирате со истискување, ризикувате на вашето лице да останат лузни. Посетете козметичар или дерматолог ако ситуацијата е алармантна.

Со правилна нега ќе исчезнат

Ако сте возрасни, многу е веројатно дека проблемот доаѓа однатре. Со козметички средства и долготрајна рутина за нега ќе успеете да ги смирите привремено, но нема да помине многу време додека повторно да се појават.

Чоколадото предизвикува акни

Некогаш се веруваше дека масната храна предизвикува акни, а исто така и лебот и десертите. Вистината е дека тие може доста да ја влошат ситуацијата на веќе постоечките акни. Чоколадото нема да направи значајна разлика, но ако сте сериозни во борбата со акните, тоа значи и дека треба да воспоставите здрав животен стил.

Не е потребно постојано чистење на лицето

Она што никако не смеете да го направите е да си легнувате со неисчистено лице, а уште помалку со неотстранета шминка. Нечистотиите се собираат во порите и почнува воспалителен процес, кој лесно може да резултира со црвенило, но и со болни акни.

Слични содржини