Најчевска бара отворање на очите: „Народот е глуп како цепаница“

од Nikola Popovski
653 прегледи

Професорката во пензија и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска упати порака до јавноста, во однос на пораките што сите досегашни премиери на државата им ги испраќаа на своите граѓани. Најчевска тврди дека „народот е глуп како цепаница“.

„Како професорка, тврдев дека овој народ е глуп како цепаница. Денес како професор во пензија тврдам дека овој народ е глуп како цепаница.

За разлика од мене, Црвенковски објави дека: Народот е секогаш во право, дури и кога греши и ве опљачка. Груевски соопшти дека : Народот е тој што одлучува во оваа земја и ве опљачка. Заев гордо извика: Дојде слободата! Народот е слободен и ве опљачка. Ковачевски тврдеше дека : Народот остана силен и решителен и ве опљачка. Мицкоски свечено изјави дека: Ова е победа на народот, цунамито се крена и ве пљачка“, порача екс-професорката.

Според неа, поради довербата на граѓаните, денеска дојдовме до тоа да имаме, како што вели, најлошо образование и здравство, да дишеме најзагаден воздух, да бидеме најсиромашни, да имаме најлош судски систем, да имаме најбогати политички партии, пратеници и функционери, да ни горат пациенти и деца, да добиеме партократија наместо демократија.

-Треба да си навистина многу глуп за да дозволуваш одново и одново да те фаќаат на иста финта, да ти продаваат исти приказни и да очекуваш дека еве сега, овој пат ќе биде поинаку. Дајте бре луѓе отворете ги очите и не дозволувајте да си играат мајтап со вас, бара меѓу другото Најчевска.

Слични содржини