Професорката и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска го поздрави фактот што во Данска е изграден зелен парк на покривот на фабрика која отпадот го претвора во енергија и го спореди со ситуацијата во Македонија. Најчевска истакнала дека постојано бара изградба на инценератори во земјава.
-Веќе 20 години повторувам дека во Македонија треба да се изградат инценератори…Да бев јас избрана за градоначалник во 2009 година околу Скопје ќе имаше најмалку 5 инценератори и ниту една депонија. Ама вие го сакавте Коце дрвосечачот. Ова што го живеете е важа желба, објави Најчевска.
Според објавените информации од Данска, зелениот покрив од 10.000 квадратни метри функционира како активен регулатор на микроклимата, подобрувајќи го квалитетот на воздухот, апсорбирајќи ја дождовницата и намалувајќи го ефектот на топлински остров. Таму се засадени и неколку стотици дрвја и илјадници грмушки, избрани поради нивниот биодиверзитет, отпорност на ветер и ограничена длабочина на почвата.