Најчевска до Мицкоски: „Кога ќе го уништиш правосудниот систем и образованието, просторот го освојуваат луѓе без елементарно знаење“

„Ништо не си разбрал. Никој не се буни против построги критериуми туку против бесмислени критериуми кои ја замаглуваат сликата и овозможуваат и такви како тебе да станат професори“, му порача професорката на премиерот

од Nikola Popovski
145 прегледи Мирјана Најчевска - Фото: Јутјуб/Принтскрин/Тера

„Ништо не си разбрал. Никој не се буни против построги критериуми туку против бесмислени критериуми кои ја замаглуваат сликата и овозможуваат и такви како тебе да станат професори“, вели универзитетската професорка Мирјана Најчевска по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за новиот Закон за високо образование што треба да биде усвоен.

Најчевска обвинува дека „ВМРО-ДПМНЕ го уништи високото образование и немуштите кадри без трунка знаење и интелектуален капацитет сега продолжуваат да создаваат хаос кој ќе обезбеди опстојување на корупцијата и напредување на најнесоодветните кадри“.

„Кога ќе го уништиш правосудниот систем и ќе го уништиш образованието создаваш најпогодна почва за освојување на просторот од страна на луѓе кои немаат ниту интелектуални предизпозиции ниту пак елементарно знаење – ДПМНовци“, истакна професорката.

Измените во новиот закон за образование, со кој се воведуваат повисоки критериуми, како што се објавување најмалку 4 трудови во реномирани научни списанија во рок од пет години, би требало во догледна иднина да го врати УКИМ повторно во првите 2000 универзитети на Шангајската листа – смета премиерот. Според него, досегашната состојба во образованието е резултат на непродуктивни изговори. Вели, секогаш може повеќе ако редовните професори се солидно мотивирани. Оние кои критикуваат напредок не можам да ги сфатам, рече Мицкоски.

„Мене не би ме држело место да ја набљудувам состојбата, да тонам, а да не барам чаре. Тоа би било погрешно. Може да згреши тој што работи, тој што не работи не може. И сè додека не работиме со овој тип на луѓе, состојбата ќе остане така. Ние нема да генерираме доволно квалитетен кадар, кој може да се соочи со предизвиците“, изјави вчера Мицкоски.

Слични содржини