Најчевска: Мицкоски ги оправдува дивоградбите и не сака да го „загрева националистичкиот котел“

Премиерот си обезбедува продолжување на праксата на заеднички договор за поделба на колачот по етничка линија, смета Најчевска

од Nikola Popovski
35 прегледи

Од една страна ги поддржува дивоградбите и го оправдува прекршувањето на правото со цел да ги заштити и сите дивоградби кои се изградени од страна на ДПМНЕ (почнувајки од спомениците расфрлени низ градот а кои се спротивни на законот за градење), а од друга страна си обезбедува продолжување на праксата на заеднички договор за поделба на колачот по етничка линија, вели професорката и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска запрашана за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски и неговата филозофија „да гради, а не да руши“ на новинарско прашање дали планира да тргне по стапките на Албанија и тамошниот премиер Еди Рама и да урива дивоградби.

Најчевска во разговор за „Локално“ истакна дека на овој начин премиерот во Македонија ги оправдува дивоградбите и не сака да го „загрева националистичкиот котел“.

Најчевска: Со изјавата на Мицкоски за дивоградбите се прават будали сите оние кои градат според законот, кои ги почитуваат прописите и ги имаат платено сите потребни комуналии