Најчевска: Ниту една владејачка структура не дозволува за државен обвинител да дојде човек со интелектуален капацитет и морален интегритет

од Nikola Popovski
26 прегледи

Ниту една владејачка структура не дозволува на местото државен јавен обвинител да дојде човек со интелектуален капацитет и морален интегритет кој на било каков начин би овозможил вистинско функционирање на Јавното обвинителство, вели екс-професорката и граѓански активист, Мирјана Најчевска за случувањата во ЈО, по интерпелацијата на Љупчо Коцевски.

Според неа, досега нема ниту еден републички јавен обвинител кој не дошол на таа позиција затоа што не е добар за власта, кој не бил по мерка на власта и кој не работел во договор со власта.

-Љупчо Коцевски е само еден од овие обвинители. Секоја интерпелација, секоја промена и секој избор на Јавен обвинител во моментов е едноставно беспредметен, се додека не се појави политички фактор кој борбата со корупцијата на високите државни функционери нема да ја издигне на ниво на приоритет, рече, меѓу другото, Најчевска за „Локално“.

Најчевска: Сите јавни обвинители, меѓу кои и Коцевски, досега биле марионети во рацете на политичките партии

Слични содржини