Најчевска: Преспанскиот договор е неверојатно писмен и во голема мера балансиран

од Nikola Popovski
310 прегледи

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска не се согласува дека спорот со Бугарија е поради Договорот со Грција. Најчевска смета дека Преспанскиот договор е правно многу издржан кој што во голема мера е балансиран, но, како што вели, не до крај.

-Има многу елементи кои што овозможуваат заштита на се она што претставува и наша државност и наш идентитет. Според мене, единствена грешка што е направена е што името не е сменето во 1992 и 1993 година кога беа првите извештаи на Бадентер. Дури и е задоцнето со менувањето на името. Неписмената администрација започнува многу рано уште во 1998, 99 година кога доаѓа до смени кои се директно под влијание на политичките партии. Се промовира партиско едноумие кое што само се менува кога доаѓа одредена партија на власт. Неписменоста започнува многу пред доаѓањето на Груевски…Преспанскиот договор е неверојатно писмен. Доколку со Бугарија направевме договор кој се базира на истите принципи на Преспанскиот договор и доколку обезбедевме балансирање на се она што претставува права и одговорности на двете страни, според мене, немаше да дојдеме до ова дереџе, кажа Најчевска во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини