Најчевска: Внесувањето на Бугарите во Уставот е гаранција дека ќе бидеме во подредена положба во сите натамошни преговори со Софија

од Nikola Popovski
383 прегледи

Универзитетската професорка и граѓанска активистка Мирјана Најчевска објави неколку ставови што би значело доколку бугарското малцинство во земјава влезе во Уставот.

-Според мене, внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е гаранција дека ќе започнат преговорите со ЕУ, гаранција дека ќе започне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија и гаранција дека Македонија ќе биде ставена во подредена положба во сите натамошни преговори со Бугарија, истакна Најчевска на социјалните мрежи.

Како што истакнува, отворањето на Уставот не е гаранција дека Македонија ќе влезе во ЕУ.

-Мора да седнеме и да побараме опција која ќе не задржи на европскиот пат, но нема да не стави во подредена положба во однос на Бугарија. За вакво нешто треба да се формираат работни групи а не за меѓусебно убедување и надмудрување, објаснува Најчевска.

Слични содржини