Најчевска за Апасиев: Кога не читаш закони, а се правиш професор – работниците веќе имаат „апанажа“

од Nikola Popovski
453 прегледи

Кога не читаш закони, а се правиш професор, вака професорката Мирјана Најчевска ја коментира најавата на лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев дека партијата ќе предложи воведување „апанажа“ и за работниците кои останале без работа.

Според Најчевска, работниците веќе имаат “апанажа“ и таа се вика паричен надоместок во случај на невработеност и е регулирано со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

-Може да се разговара за висината на апанажата, за висината на паричниот надоместок, за времетраењето, меѓутоа малку знаење не е на одмет, појаснува професорката.

Во друга објава на социјалните мрежи, Најчевска коментира дека „тоа што ждрклето Апасиев поднело предлог за укинување на апанажата е спрдачење со правото и правење шоу за кој се знае дека нема да резултира во ништо“.

-Сум видела како се прават измени на закони кои се однесуваат на примања на функционери во различни држави. Имам можност тоа да го видам и овде во Чешка. Тоа се процеси, сериозни дебати, преговори и договори, лобирање, барање сојузници и поддршка. Немој да ја мешате демократската процедура и сериозната работа на Собранието, со немушти испади на ликови кои само привлекуваат внимание и залажуваат неука раја, пишува Најчевска.

 

Слични содржини