Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска ја коментираше денешната објава на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески дека е цел на говор на омраза на социјалните мрежи поради спроведување на непопуларни потези, кои отпосле, како што вели, се покажале за исправни.
„Секој кретен на висок функција има неверојатна моќ за апсорбирање омраза. Без тоа нема да може да лаже и краде во неверојатен обем. Тоа во народот се вика дебелокожец. Трајко е во ова на ниво на носорог. Тој ги убедува луѓето дека да бидеш роб е највисоко достигнување на современата демократија и око не му трепнува при тоа. Да, јас ги мразам ликовите како Трајко Славевски кои од позиција на моќ газат се пред себе“, порача Најчевска во објава.
Претходно Славески се пожали на „Х“ дека трпи говор на омраза и критики од корисниците на оваа социјална мрежа во неговите објави. Гувернерот уверува дека ниту од новата позиција нема да застане со мерки и реформи во служба на јавниот интерес.
Славески објави дека добивал навредливи коментари поради спроведување на непопуларни потези