Најчевска за вакцинацијата: Загрижува бројноста на групата граѓани која е заглавена во 16 век

од Берта Китинска
468 прегледи

Мислам дека пандемијата ја исцрта една од најјасните граници меѓу луѓето. И навистина мислам дека треба да не загрижи бројноста на групата која е заглавена во 16 век, пишува на својот Фејсбук професорката Мирјана Најчевска  во врска со новите ковид мерки.

-Има болест од која се умира.

Се шири низ светот.

Откриен е вирусот кој ја предизвикува.

Откриена е вакцина која помага.

Дискриминација би имало ако:

-има вакцина, меѓутоа им се дава само на одредени луѓе, а не на сите

-само некои луѓе се тераат да се вакцинираат, а не сите

-вакцината се купува, а тоа не може да го платат одредени луѓе

Другото е незнаење и примитивизам, стои во една од објавите на Најчевска  поврзани за  вакцинацијата и дали и кога би постоела дискриминација.

Слични содржини