348
Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил му упати апел на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за легализација на дивоградбите, бидејќи како што вели таа ова е правиот момент за тоа.
-Сега е на ред претседателот на државата.Ова е прав момент.Пендаровски не треба да го потпише Законот за легализација на дивоградбите, напиша Најчевска, која преку нов статус појасни дека по Законот за легализација на дивоградбите доаѓа Законот за продажба на државно земјоделско земјиште.
-Со овој закон се овозможува државата да распродаде апсолутно се, за најниска можна цена, без никаква контрола и со минимално ограничување.Исти се, напиша професорката.