Најчевска за Законот за легализација на дивоградбите: Сега е на ред претседателот на државата

од Берта Китинска

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил му упати апел на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за легализација на дивоградбите, бидејќи како што вели таа ова е правиот момент за тоа.

-Сега е на ред претседателот на државата.Ова е прав момент.Пендаровски не треба да го потпише Законот за легализација на дивоградбите, напиша Најчевска, која преку нов статус појасни дека по Законот за легализација на дивоградбите доаѓа Законот за продажба на државно земјоделско земјиште.

-Со овој закон се овозможува државата да распродаде апсолутно се, за најниска можна цена, без никаква контрола и со минимално ограничување.Исти се, напиша професорката.

Слични содржини