Најчудните и откачени методи против забременување

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Најраспространетите и сигурни начини против забременување се употребата на кондоми, апчиња за контрацепција и спирала. Но, во минатото имало и други методи на кои некои жени се потпирале, најверојатно без тоа да го даде посакуваниот резултат. Ќе ги раскажеме  најчудните методи против забременување и ве советуваме да не верувате на ниту еден од нив:59b522f0c343b1666442bc93179c98ad

Олово – сте слушнале ли за “фалсификување вода со олово”? Најверојатно не, а и нема потреба. Пиењето сигурно нема да те заштити од несакана бременост, но може да доведе до смрт.

Компири – пред неколку години жена од Бразил била примена во итна помош поради силни болки кои доаѓаат од вагината. Се покажало дека мајка и ѝ рекла дека ставањето на компир во вагината пред секс штити од забременување. Помладата девојка ја послушала и го пробала овој метод. Две недели подоцна компирот, поставен во вагината, пуштил корени, кои довеле до силни болки и требало да бидат отстранети.

Кока-кола – очигледно оваа газиран пијалок има доста апликации. Секој има слушнато дека некои луѓе чистат р’ѓа со неа, но очигледно се покажува дека има и жени кои ја користат како средство против забременување. Дамите во 60-тите години биле убедени дека одмивањето со газираниот пијалок после секс ги убива сперматозоидите. Се разбира, тоа не е точно.

Тестиси од дабар – како ти звучат мелени тестиси од дабарот со домашна ракија. Не, не станува збор за некаков егзотичен коктел, туку за стар метод против несакана бременост.

Вода со кромид – уште еден прехранбен производ, кој бил користен како средство за контрацепција. Пред неколку години жените го цеделе сокот во вода и ја пиеле. Може да не ги брка сперматозоидите, но сигурно ги прогонува интимните партнери.

Тестисите од ласица- очигледно не само тестисите од дабарот помагаат против забременување. Пред неколку векови претставничките на понежниот пол врзувале тестиси од ласица околу колковите, за да ги изгонат злите духови на несаканите бебиња.

Кондоми од животинско црево – тие се нарекуваат. претходници на кондомите. Пред да се појават латекс кондомите, луѓето ги користеле, но ги чувале во чинија со вода, за да не се исушат.