Најчудните менија за родендени во светот

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Секогаш сакаме да ги изненадиме гостите со нешто неконвенционално и многу вкуснo, особено кога славиме по некој повод, каков што е роденденот. На какви менија вложуваат роденденците и какви се нивните преференции, кои се најчудните комбинации, раскажуваат од foodpanda.4765729

Роденденот е многу посебен повод, кој речиси секој од нас го слави, на еден или друг начин. Храната зазема посебно место, речиси колку и алкохолните пијалоци. Тоа го провоцира и интересот да се свртиме кон различни националности и да ѕирнеме во кујната на славениците.

Едни од најчудните јадења нè одведуваат во Кина, каде што традиционално славеникот пробува посебна “супа на раѓањето”, за чие приготвување учествува целото семејство. Идејата е секој да придонесе со нешто во подготовката. Симболот е референца кон луѓето кои се дел од неговиот живот.

Во Мексико се подготвува посебна лута торта со црно чоколадо и многу чили. Комбинацијата не е толку непозната и во нашите географски широчини. Со чилито се нагласува цврстиот вкус на црното чоколадо.

Во Русија, често се подготвува солена палачинкова торта, наместо десерт. Таа е вистинска хранлива и калориска-бомба, покриена со многу мајонез и меки филови, според изборот.

Во Холандија се обложуваат на различни печива, засладени со дозволените опиатни материи.

Во Грузија најчесто подготвуваат грузиска мусака со многу зеленчук и месо, полеани со мека белка.