Родителите да не се плашат од справувањето со симптомите на грипот. Секое дете кое ќе се упати на преглед нема потреба да се хоспитализира, а секое дете кое има симптоми на грип треба да се упати во болница. Индикациите за хоспитализација на овие пациенти се компликации од грипот, односно коморбидни состојби кај тие кои имаат хронични болести, изјави денеска директорката на Универзитетската клиника за детски болести, Наташа Најдановска-Алулоска.
Потенцира дека во текот на вчерашното деноноќие во амбулантата при Клиниката биле прегледани 200 пациенти, од кои најголемиот број биле со фербилни состојби. Од сите прегледани, посочи, деца 12 се хоспитализирани и тоа на возраст под три години, а најчесто до една година.
– Апелирам родителите да не се плашат и да не се паничат кога децата имаат зголемена температура и симптоми слични на грип. Апелирам тие да веруваат во нивните матични лекари. Мрежата на матични лекари функционира многу добро. Апелирам советите на матичните лекари да се слушаат и да се почитуваат. Кога има потреба овие пациенти да бидат прегледани што значи кога настапува некаква компликација, температурата трае подолго време, има други симптоми како влошување на кашлица или дишење, тогаш матичниот лекар ќе ги упати пациентите на болничко лекување во Институтот за белодробни заболувања во Козле и на Инфективната клиника, рече д-р Најдановска-Алулоска.
Таа посочи дека лабораториски потврдени случаи со грип има 45 од почетокот на сезоната досега, 15 се инфлуенца тип А, а останатите се инфлуенца тип Б. Нагласи дека грипот е нешто со кое се соочуваме секоја година и дека кај децата кои се здрави и немаат друга пропратна болест, не се очекуваат компликации од сезонскиот грип.
Се очекува, појасни таа, тие лесно да ја поминат оваа инфекција што значи во домашни услови со обичните мерки на справување со зголемена телесна температура, со топли напитоци и витамини.
Д-р Најдановска-Алулоска апелира дека прераното носење на пациентите директно на Клиниката во чекалните ќе значи ризик од средби со други деца кои имаат фебрилна состојба.
– Не сите што се со фебрилна состојба имаат грип. Сите имаат зголемена температура од различно потекло и се ставени во ризик дека во чекалните можеби ќе се сретнат со дете кое има грип. Нашата Клиника се реорганизираше во работата во пресрет на оваа сезона на вирусни инфекции со цел да не се мешаат децата кои имаат зголемена температура со оние кои имаат други болести за да се спречи ширење на инфекцијата, но апелирам прерано веднаш да не доаѓаат. Во моментот немаме случаи со потешки компликации. Има соба за изолација на Единицата за интензивна нега и терапија постои. Оваа година грипот трае два до три дена и обично поминува без поголеми потешкотии. Тоа што сме виделе од ретки компликации се бронхопневмонија, но потешки компликации се уште нема и се надеваме дека лесно ќе ја поминеме целата сезона, додаде д-р Најдановска-Алулоск