Најдено привремено решение со хирурзите од „8-ми септември“

од Nikola Popovski
317 прегледи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево остварил средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ 8 Септември и со директорот на болницата д-р Христијан Костов.

-За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем, велат од Кабинетот на министерот.

Хируршкиот колектив во ГОБ „8 Септември“ предупреди дека од понеделник нема да ги изведува закажаните неитни опереации, поради, како што денеска хирурзите наведуваат во отворено писмо упатено до директорот Христијан Костов, здравствените институции и владата излегуваат на протестпациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција бидејќи во болницата функционираат само две операциони сали од вкупно шест.

Ја разбирам потребата за зголемување на бројот на оперативни сали и денови кај колегите од хирургија и секојдневно сум информиран за оперативниот програм во нашата установа, вели директорот на ЈЗУ ГОБ „8 Септември“  Христијан Костов откако хирурзите на оваа болница најавија протест за следната недела.

-Меѓутоа согласно бројот на анестезиолози, земајќи го во предвид и бројот на оправдано отсутни, заради болест, нивниот ангажман во ковид одделенијата, редуцираниот број на хируршки одделенија заради зголемување на капацитетот на одделенија за лекување на Ковид позитивни пациенти согласно препораките на Министерството за здравство во кои е потребен поголем број на медицински персонал, ставен е акцент на оперативно лекување на пациенти кај кои одложувањето на оперативните интевенции би довело до загрозување на нивниот живот (малигноми и фрактури). И овие интервенции се одвиваат без застој, вели директорот.

Слични содржини