Најдобар избор: Мажите родени во овие хороскопски знаци ќе ве третираат како кралица

од Берта Китинска
480 прегледи

Мажите родени во овие хороскопски знаци ќе ве третираат како кралица.

Јарец

Имаат големо срце, а своите сакани ги опсипуваат со комплименти, подароци, грижа и внимание. Иако изгледаат строго, тие се нежни во љубовта и подготвени на се за да ја усреќат својата сакана.

Риба

Можеби долго ќе ја бара вистинската, но кога ќе ја најде ќе го искористи секој момент за да ја усреќи. Постојано ќе ја изненадува и ќе и ги исполнува желбите.

Лав

Иако сакаат да бидат во центарот на вниманието и се сметаат за себични, доколку ја најдат вистинската, сакаат да ја разгалат. Лавовите се дарежливи и секогаш ќе ја опсипуваат својата сакана со подароци, а во јавноста прават да се чувствува како да е на тронот.

Бик
Тие сакаат мир и удобност, а девојките секогаш се чувствуваат удобно, безбедно и стабилно покрај нив. Биковите секогаш ги разгалуваат своите жени, но не толку со материјалните работи.