Кристијано Роналдо, фудбалската суперѕвезда од Португалија, во едно интервју призна дека имал мал конфликт со неговиот син Матео, кој изјавил дека неговиот татко, за него, сепак не е најдобар на светот.
Во интервју за каналот „Ла Секста“ CR7 истакна, секако, со хумористичен тон дека имал мал конфликт со синот Матео, кој тврди дека Килијан Мбапе е подобар играч од неговиот татко.
Матео има седум години и е едно од петте деца што ги има Португалецот.
„Мојот син, Матео, многу го сака Мбапе, па може да ми каже: „Тато, Мбапе е подобар од тебе“. Му велам дека тато е подобар од Мбапе затоа што веќе сум постигнал повеќе голови од него“, истакна Кристијано Роналдо
Секако, поради својата подолга кариера, Роналдо има значително повеќе голови од Мбапе: 920, наспроти 353 на францускиот напаѓач, кој дури во едно од интервјуата потврди дека Кристијано Роналдо му е „идол уште од мал“.
Роналдо има одиграно 1.261 натпревар, што значи дека во кариерата има постигнато 0,73 голови по натпревар, додека Мбапе по 486 натпревари има и просек од 0,73 гола по одигран натпревар.