386
Деми Ловато, на отворањето на Супербол, ја воодушеви цела Америка со неверојатната изведба на американската химна.
Само една недела претходно, таа имаше камбек на музичката сцена, со трогателната изведба на новиот сингл „Anyone“ на доделувањето на наградите Греми.
Да се пее химната на Америка на самиот почеток на Супербол е навистина голема чест за музичарите, можеби и поголема од настапот на полувремето. Во последните неколку години во оваа улога сме ги гледале Џордин Спаркс, Џенифер Хадсон, Кери Андервуд, Кели Кларксон, Кристина Агилера, Алиша Кис, Ајдина Мензел, Лук Брајан, Пинк, Гледис Најт, Рене Флеминг…
Во продолжение погледнете го видеото од моќниот настап на Деми: