„Најдобра реклама“: Џеј Ло позираше со својата мајка и ќерка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Пејачката Џенифер Лопез објави фотографија на која позира заедно со својата мајка и ќерка, сè за потребите на кампањата за нови производи како дел од нејзината козметичка линија „JLOBeauty“.

Лопез објави семејна фотографија со нејзината 13-годишна ќерка Ема и 75-годишната мајка Гвадалупе.

#MamaGlowsBest – напиша Лопез во описот на фотографијата со ознаките на нејзиниот бренд за козметика „JLo Beauty“, кој го лансираше на почетокот на оваа година.

Нејзината објава собра над два милиони лајкови.